Connect with us

Жорди Кројф заминува од Барселона, на негово место доаѓа Деко

По Матеу Алемани, Барселона ја напушта и спортскиот директор Жорди Кројф. Оваа вест е малку неочекувана ако се земе предвид дека Алемани и Кројф направија врвни работи во тандем во текот на трите преодни рока и дека многу и помогнаа на Барселона да се стабилизира финансиски, но и да остане конкурентна на теренот.


Меѓутоа, откако Алемани доби понуда од Астон Вила која не можеше да ја одбие, се појавија информации дека и Кројф сака да замине. Денеска беше потврдено дека и Холанѓанецот сака нов проект и дека ја напушта Барселона.

Веднаш се знае која ќе биде неговата замена, тоа е легендата на клубот Деко кој веќе извесно време преговара со Жоан Лапорта. Деко ќе биде спортски директор, но останува да се види кој ќе го замени Алемани, кој беше мозок на сите операции и кој важи за мозок за „затворање“ на сите зделки на пазарот.

Алемани и Кројф доведоа голем број играчи за минимални пари, а дури девет дојдоа како слободни играчи, со тоа што поради финансиски проблеми прифатија многу помала понуда од Барселона.

Сега останува да видиме како Деко ќе се снајде во сето ова, бидејќи сигурно е дека не е финансиски експерт како Алемани, па дури го нема и искуството на Кројф.

Првата голема задача ќе биде враќањето на Лионел Меси, а она што особено ги радува навивачите е што останаа во добри односи, бидејќи беа и соиграчи додека Португалецот не си замина од „Камп Ноу“ во 2008 година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови