Жорди Алба не го криеше разочарувањето по поразот на Шпанија на домашен терен од Швајцарија. „Фуријата“ доживеа пораз од 1-2 во Сарагоса и сега им е потребна победа на гостувањето кај Португалија за да бидат на врвот на нивната група и да се квалификуваат во финалниот плејоф на Лигата на нации.
„Го ценам тоа што селекторот продолжува да ми дава доверба, а моја задача е да му покажам на теренот дека не згрешил. Пропуштивме добра шанса и сега треба да победиме во Португалија. Таму одиме со огромна желба да победиме и да се пласираме на фајналфор“, сподели искусниот дефанзивец.
„Ова што се случи на натпреварот е наша срамна изведба. Жал ни е за луѓето кои не поддржаа. Бевме многу напнати пред паузата, а противникот успеа да поведе. Израмнивме во вториот дел, но веднаш не казнија со втор гол по уште една наша грешка“, додаде Алба.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













