
Шпанскиот прволигаш Атлетико Мадрид е подготвен да го пушти португалскиот офанзивец Жоао Феликс (23) на позајмица до крајот на сезоната, но без откупна клаузула, пренесуваат шпанските медиуми. Тој би можел да заврши во Манчестер Јунајтед или во Арсенал.
Според медиумите, мадридскиот клуб бара 6 милиони евра за позајмица на Феликс до крајот на сезоната, без опција за откуп.
Клубот од Мадрид е подготвен да го продаде 23-годишниот Португалец, но за сума од 100 милиони евра, што е за 26 милиони помалку од сумата што Шпанците ја платија за него во 2019 година на Бенфика. Клубот е свесен дека многу малку клубови во светот се подготвени да платат 100 милиони евра за еден играч во зимскиот преоден рок, поради што Атлетико му ја отвори вратата на Феликс да замине на позајмица.
Тој беше член на португалскиот тим кој се натпреваруваше на Светското првенство во Катар, и загуби во четвртфиналето од Мароко.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Стефано Пиоли е нов тренер на Фиорентина

Евро-фудбал
Њукасл го купи Еланга за 60 милиони евра

Евро-фудбал
Ал-Наср сака да го купи Кристијан Пулишиќ

Евро-фудбал
Фудбалер на Атлетик Билбао падна на допинг-тест
