Тифозите на Милан го слават Оливие Жиру кој беше херој на својот тим во големото градско дерби против Интер. Тој постигна два гола и донесе триумф во „Дерби дела Мадонина“, враќајќи ги „росонерите“ комплетно во трката за шампионската титула во Серија А.
Иван Перишиќ донесе водство за Интер во 38.минута. Делуваше дека „нероаѕурите“ ќе стигнат до триумф, но со тоа не се сложи Оливие Жиру. Французинот во 75.минута успеа да израмни, а четири минути подоцна донесе и целосен пресврт на мечот. Тео Хернандез во 96.минута доби црвен картон, но победата му припадна на Милан.
Сега Милан има само бод помалку од Интер на врвот на табелата, но и еден одигран меч повеќе од градскиот ривал.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул и Сити во трка за ѕвездата на Борнмут
Евро-фудбал
Лотито повика свештеник да му помогне на Лацио
Млади репрезентации
Фудбалерите до 19 години поразени од Португалија
Прва лига
Шкендија со пресврт го победи Шкупи













