
Стоперот на Барселона, Жерар Пике, одлучи да се врати во шпанската репрезентација. Тој имал разговор со Луис Енрике и донел одлука да се врати во репрезентацијата по пауза од три и пол години.
Пике се повлече од националниот тим по шокантната елиминација на Шпанија на Светското првенство во Русија од домашната селекција, а неодамна и самиот најави можност да се врати доколку биде потребно.
Селекторот на Шпанија одлично ги познава квалитетите на Пике, а стоперот под палката на Чави во Барселона игра во неверојатно добра форма, можеби како и во најдобрите денови кога тренер беше Луис Енрике.
Пике ќе биде огромно засилување за Шпанија која ќе атакува на титулата светски првак. Покрај него, Шпанија ги има и Лапорт, Ерик Гарсија, Пау Торес, па Енрике ќе има вистински бедем пред голоѕ.
Пред да се пензионира, Жерар Пике ги освои најважните трофеи со Шпанија, Светското првенство во 2010 година и Европското првенство во 2012 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Кристијан Ериксен се сели во Бундес-лигата

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Мармуш неизвесен за дербито на Манчестер

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Евро-фудбал
На „Маракана“ ечеше – „Пикси, оди си!“ (ВИДЕО)

Млади репрезентации
Спектакл во Битола: Младите фудбалери на мегдан со Италија

Млади репрезентации
Италија и со играч помалку славеше против Македонија во Битола
