Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски, го објави списокот со 26 имиња кои ќе патуваат на Европското првенство, а на него го нема Илија Несторовски поради повреда. Тој го повреди коленото на еден од тренинзите на Удинезе, мораше да замине на операција и го очекува подолг рехабилитациски процес до враќањето на фудбалските терени.
„Жалам за отсуството на Илија Несторовски, тој беше еден од оние кој даде голем придонес во националниот тим за да оствариме пласман на Европското првенство. Повредата го спречи да настапи на Европското првенство, но верувам дека останатите ќе го надоместат неговото отсуство“, изјави селекторот Игор Ангеловски.
Националниот тим ќе го има првиот собир на 25 мај, ден подоцна почнуваат и тренинзите, а Ангеловски ќе ја тестира формата на фудбалерите на два пријателски натпревари, против Словенија на 1 јуни и против Казахстан на 4 јуни. Заминувањето на репрезентацијата на Македонија за Букурешт е планирано на 8 јуни.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski