Николче Здравески ќе ја води прилепска Победа во продолжението од првенството во Првата македонска фудбалска лига, по вчерашната оставка на Јане Николоски.
Раководството на клубот одлучи во следниот период довербата да ја даде на досегашниот прв помошник, Николче Здравески кој ќе треба да го подготви тимот за следниот натпревар против Академија Пандев на 28. март во рамките на 24. коло од ПМФЛ.
Николоски се повлече од тренерската функција по саботниот пораз од Ренова кој беше четврти во низа за прилепчани по оние од Шкупи, Работнички и Силекс. Победа пролетва во пет натпревари има само едно реми (1-1) со Беласица.
„Поради слабите резултати одговорноста за се што се случува во овие пет пролетни кола ја превземам јас. Одговорноста е само моја. На секој натпревар ни се повторува исто сценарио само имаме различни актери. На секој натпревар ни се случуваат некои индивидуални грешки по кои што примаме голови кои се кобни за нас и по кои грешки тешко се враќаме во игра. Мислам дека е време јас да се повлечам. Се надевам дека управата и спонзорите ќе најдат соодветно решение кое ќе донесе подобри резултати на ФК Победа. Бев коректен, искрен и чесен кон сите со кои соработував и можам само да и посакам на Победа се најубаво“ – изјави Николоски по вчерашната оставка.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими го направи изненадувањето на колото со убедливиот триумф од 3-0 против Шкендија. Иако...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Вилдан Салиу
Арсими е изненадувањето на 14.коло во Првата лига. Одигра блескав натпревар против шампионот Шкендија,...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Таневски го објави списокот на Македонија до 20 години за мечот со Лихтенштајн
Прва лига
Шкендија минимално го победи Работнички
Млади репрезентации
Таневски го објави списокот на Македонија до 20 години за мечот со Лихтенштајн













