
Легендарниот чешки тренер Зденек Земан се наоѓа во критична состојба по доживеан мозочен удар, пренесуваат италијанските медиуми.
Според извештаите, Земан утрово итно бил хоспитализиран и моментално се наоѓа на одделот за интензивна нега на неврологија, каде што лекарите вршат дополнителни испитувања и внимателно ја следат неговата состојба. Засега нема нови информации за неговото здравје.
Тој ја напушти Пескара во февруари поради проблеми со срцето, а во октомври минатата година доживеа исхемичен напад. Земан е познат по својата офанзивна филозофија и влијанието врз италијанскиот фудбал, а во својата богата кариера ги водеше Парма, Лацио, Рома, Каљари, Фенербахче, Наполи и многу други клубови.
Во 2008 година накратко беше и тренер на Црвена Звезда, каде што остана само пет натпревари, станувајќи вториот странски стратег во историјата на белградскиот клуб.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Дин Аломеровиќ потпишува за УТА Арад од Романија

Евро-фудбал
Тотенхем ќе го откупи Матис Тел од Баерн Минхен
