Connect with us

Запознајте ја Австрија, првиот ривал на Македонија на ЕВРО

Селекцијата на Франко Фода се надева дека ќе успее да ја искористи позицијата во израмнетата по квалитет група Ц и да се пласира во нокаут фазата од Европското првнество, што би било првпат во нивната историја.
Австрискиот состав е преполн со талент од Бундес – лигата и ако работите кликнат, секако ќе има за цел излез од групата Ц пред Украина, Македонија, па дури и пред фаворитот во групата Холандија.


ГЛАВНА ЅВЕЗДА – ДАВИД АЛАБА

Давид Алаба. Има само 28 години, а чувствуваме како да постои отсекогаш, откако дебитираше за Баерн Минхен на 17-годишна возраст. Ќе сака да импресионира ова лето пред неговата преселба во Реал Мадрид. Неговата разновидност е огромен плус бидејќи тој играше голем дел од оваа сезона во средниот ред, каде обично настапува и за Австрија, поради повредите во Баерн. Неговото искуство, лидерство и смртоносното чувство за асистенција треба да и помогне на Австрија во обидот да напредува во групата Ц.

СОСТАВ

Франко Фода го именуваше својот состав со 26 играчи, кој има силно влијание од Бундес – лигата. Само шест од 26 не играат во најквалитетното друштво во Германија.

Мартин Хинтерегер, Александар Драговиќ и Марко Фридл сочинуваат силна одбрана на германски погон. Давид Алаба исто така може да се појави таму, или во средниот ред или пак како лев бек. Штефан Лајнер од Менхенгладбах е сериозна закана од десната страна.

Во средниот ред, Австрија ќе го испоти секој ривал поради подготвеноста на нивниот капитен Џулијан Баумгартлингер. Марсел Сабицер од Лајпицг сигурно ќе биде клучен за надежите на Австрија за следната фаза.

Во средниот ред се и Штефан Илсанкер и Ксавер Шлагер, кои би можеле и двајцата да стартуваат доколку Баумгартлингер ја загуби битката со физичката подготвеност.

Кристоф Баумгартнер ќе игра како офанзивен играч за врска и ќе треба да го пронајде Саша Калајџиќ во нападот. Можно е Австрија да игра и со двајца напаѓачи против Македонија, ако биде приклучен и малку подзаборавениот Марко Арнаутовиќ. Поранешниот напаѓач на Стоук и на Вест Хем, сега е играч на Шангај СИПГ.

ВО ФОКУСОТ – САША КАЛАЈЏИЌ
Саша Калајџиќ. Има 23 години и во шеснаесетникот се снаоѓа како патка во вода. Постигна 16 гола и имаше шест асистенции во дресот на Штутгарт оваа сезона. Има одлична игра со глава што е и нормално со оглед дека е неверојатно висок, но ихра страшно добро со нога и поседува врвна техника. Посебно е опасен при шутот со левата нога.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови