
Фудбалерите на Рома синоќа ја освоија Конференциската лига на УЕФА. Тие во финалето го совладаа Феенорд со 1-0, а херој на Рома беше стрелецот Николо Заниоло.
По освојувањето на трофејот, одличниот фудбалер изјави дека си го исполнил сонот.
„Многу сум среќен, уште од мал сонувам да освојувам трофеи како овој. Нема зборови со кои може да се опишат нашите навивачи, тие се фантастични и овој трофеј е подарок за сите нив. Имаме силен тим, но мислам дека не сфаќаме колку сме силни. Овој гол би го посветил на мајка ми, потоа на татко ми, баба и дедо, сестра ми и сите кои беа со мене во тешките моменти“, изјави херојот на Рома, Николо Заниоло.
Ова е прв трофеј на Рома во натпреварувањата на УЕФА, а во своите витрини го имаат само трофејот од Купот на саемски градови. Кога станува збор за Заниоло, тој во Рома е од 2018 година, а претходно беше фудбалер на Интер и на Виртус Ентела.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal