
Напаѓач на Астон Вила, Николо Заниоло, денеска во Торино сведочеше три часа пред обвинителката Мануела Педрота за истрагата против него во врска со нерегулирани облози на нелиценцирани сајтови за коцкање, пренесуваат италијанските медиуми.
Потоа, адвокатите на фудбалерот дадоа соопштение во кое прецизираа какво е сведочењето на италијанскиот интернационалец.
„Николо Заниоло одговори на сите прашања и во никој случај не ги избегна приговорите формулирани од обвинителот, дефинитивно појаснувајќи ја својата позиција. Ниту еден доказ не излезе на виделина дека тој можеби се обложувал на фудбалски натпревари. Тој призна дека периодично играл покер и блек џек на нелегални платформи, прецизирајќи дека никогаш не бил цел на закани. Уверени сме дека судскиот спор против нашиот клиент наскоро ќе биде завршен“, се вели во соопштението.
Бидејќи нема обложување на фудбалски натпревари, Заниоло се очекува да се извлече само со парична казна, за разлика од Николо Фаџоли и Сандро Тонали, кои беа суспендирани на седум, односно 10 месеци.
Напаѓачот синоќа дури и се појави како замена во победата на Астон Вила против АЗ Алкмар од 4-1 во Конференциската лига.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Витиња извлече победа за ПСЖ кај Нант (ВИДЕО)
