МАКФУДБАЛ во Гент,
Македонската репрезентација се враќа од Белгија со голем бод (0-0), исполнувајќи ја најважната цел – да го зачува голот на Столе Димитриевски.
Дефанзивецот Ѓоко Зајков вели дека сите фудбалери покажале голем карактер против силниот тим на Белгија.
„Игравме храбро и дисциплинирано. Против такви противници не е лесно да се надигруваме, но покажавме срце за Македонија и успеавме да извлечеме бод. Ова е голем резултат за нас на гостински терен, но сега треба да се врати реалноста. За три дена имаме нов важен натпревар и мораме да се подготвиме да освоиме три бода ако сакаме место на Мундијалот.
Целата екипа се покажа како сплотена – не само дефанзивците, туку и Столе и играчите од средниот ред и нападот. Сите дадовме сè од себе, затоа што кога се игра за Македонија, се остава срце на терен и се прави сè за да се исполни целта“, истакна Зајков.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













