Шкендија го победи Вардар со 1-0 на пролетната премиера во Тетово. Омар Имери го постигна победничкиот гол за лидерот на табелата, а многу полемики предизвика непризнатиот погодок на Вардар. По шутот на Филип Најдовски од голема далечина во 38.минута, топката падна зад гол – линијата, но судиите тоа не го видоа.
Голманот на Шкендија, Костадин Захов, кој во минатото го носеше и дресот на Вардар, спортски признава дека топката ја помина гол – линијата, но и вели дека судиски грешки постојано се случуваат.
„Во моментот кога топката падна на земја не бев во позиција да видам. После натпреварот сите видовме дека топката ја поминала гол – линијата и дека е судиска грешка. Но, како сите ние што грешиме така и судиите е нормално да погрешат. Сигурно голот што не е признат би донел подинамичен натпревар, но не можеме да гледаме наназад, грешките се составен дел од секојдневниот живот и се надевам дека на следните напревари ќе ги има се помалку“, изјави Костадин Захов за Макфудбал.мк.
Во Шкендија се среќни поради триумфот, велат дека е заслужен.
„За нас беше многу важно да тргнеме со победа, таков ни е пристапот на секој натпревар, а сега се работеше и за дуел со директен конкурент за шампионската титула. Мислам дека одигравме добро, ја заслуживме победата, постигнавме водечки гол и потоа го контролиравме натпреварот. Нормално, формата ќе оди во нагорна линија, почеток е на пролетниот дел од шампионатот“, истакнува голманот на Шкендија.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski