Струга Трим Лум доживеа пораз (3-1) од Шкендија во Тетово во првиот дуел од пролетната полусезона. Тренерот Срѓан Захариевски вели дека неговиот тим потфрлил во првото полувреме од натпреварот со актуелниот првак.
„Одигравме едно слабо прво полувреме и добро второ, но сепак не беше доволно да се вратиме непоразени во Струга. Второто полувреме ќе ни биде појдовна точка за наредните искушенија што не чекат во првенството. Ни се враќат и шесте играчи што отсуствуваа на овој натпревар, така што ќе бидеме поконкуретни на следните мечеви”, изјави Захариевски.
Струга Трим Лум во следното коло на домашен терен ја пречекува Брегалница.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Лотито повика свештеник да му помогне на Лацио
Евро-фудбал
Арсенал стравува за повредата на Габриел
Млади репрезентации
Фудбалерите до 19 години поразени од Португалија
Прва лига
Шкендија со пресврт го победи Шкупи













