Фудбалската репрезентација на Македонија денеска (15 часот) го игра последниот натпревар од Лигата на нации. Првото место е веќе освоено, но потребна е победа за да останеме во игра во разигрувањето за мундијалскиот бараж преку ЛН, а секако и за убав крај на овој одличен циклус.
Фарски Острови е единствената селекција која успеа да извлече реми (1-1) против Македонија во овој циклус, па и тоа е дополнителен мотив за триумф на денешниот дуел на Арената „Тодор Проески“.
„Фарски Острови покажаа дека во денешниот фудбал нема аутсајдери и се квалитетен тим. Во овој циклус од Лигата на нации тие играат добро, се работи за дисциплинирана екипа, одговорна и доста силна, тркачки одлично подготвена. Нè очекува уште потежок меч од тој со Летонија во четвртокот. Фокусот ни е на нас самите, како ќе изгледаме на теренот и да го завршиме ова издание на најдобар можен начин. Прашањето за првото место е решено, ама ние си имаме свои мотиви, индивидуални и како тим. Си поставивме уште една цел, со што е можно повеќе бодови да бидеме поконкурентни во завршната ранг-листа за тој евентуален мундијалски бараж“, вели селекторот Благоја Милевски ви пресрет на денешниот меч со Фарски Острови.
Александар Трајковски е исто така оптимист и верува дека Македонија ќе успее да стигне и до петтата последовна победа во Лигата на нации.
„Секогаш сакаме да го дадеме најдоброто од себе и наша цел е со победа да го завршиме ова издание во Лига на нации. Треба да бидеме фокусирани и доколку го дадеме максимумот сметам дека може да ја оствариме целта и да ги освоиме трите бода”, истакна Трајковски.
Мечот меѓу Македонија и Фарски Острови се игра денеска од 15 часот на Националната арена „Тодор Проески“, убава можност љубителите на фудбалот да дојдат на стадион и да ги поздрават фудбалерите за успесите во Лигата на нации.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski