
Силекс и натаму е непоразен во Втората лига Запад откако тимот на Горазд Михајлов одигра реми без голови на гости во Охрид против второпласираната Воска. Ова реми го искористи Вардар да се доближи до Воска со убедливиот триумф (4-0) над Велешта.

Беше тоа јубилеен 150. меч за капитенот Дејан Блажевски во дресот на Вардар, го зачини со гол, а хет – трик постигна неговиот колега од нападот, Филип Петковски.
Тетекс и Охрид ремизираа 1-1. Хусеин Демири во 31.минута донесе водство за домаќинот, а Охрид израмни од пенал во 88.минута преку Ајрадин Цуцули.
Беса беше убедлива (0-3) на гости против Кораби. Алтин Лога го отвори резултатот, а потоа два гола постигна Шериф Реџепи.
Гостивар со 1-0 славеше против Кадино, со голот на Сунај Хасан.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
