Најтрофејниот македонски клуб Вардар оствари убедлив триумф (0-3) на гости против Тетекс. Составот на Никола Глигоров беше подобар ривал, а шоу на трибините направија „Комити“ и „Војводи“.
Филип Петковски го отвори резултатот, Вилдан Керим зголеми на 0-2, а третиот гол беше дело на Дејан Блажевски во 44.минута.
Силекс им се врати на победите. Во Кратово тешко падна Беса (1-0), а стрелец на победничкиот гол беше Ѓорѓи Танушев во 78.минута.
Воска Спорт со 1-2 го победи Охрид во езерската пресметка. Игор Клечкароски го доведе Охрид во водство во 13.минута, израмни Изаир Емини пред одморот, а победата за Воска ја донесе Игор Паноски во 79.минута.
Велешта со 0-1 го победи Кадино на гости со голот на Нијас Лена, а Гостивар беше убедлив (4-2) против Кораби.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Франц Бекенбауер и наследството што ни го остави
Годината започнува многу тажно. Почина Франц Бекенбауер. На германскиот фудбал му даде повеќе од...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski