ФК Скопје е на чекор до освојување на есенската титула во Втората лига Запад откако на домашен терен го совлада Охрид со 2-1 во 13. коло. Истовремено, Гостивар загуби со 2-1 на гостувањето кај Велешта, па сега тимот од Автокоманда има шест бода предност.
Изет Ајрулаху во осмата минута и Владимир Жоглев во 21. минута беа стрелци на головите за домашиот тим. Дарко Цветановски во 57. минута намали на 2-1, но Охрид немаше сили за да остане непоразен.
Гостивар загуби во Велешта со 2-1. Игор Клечкароски во првиот дел и Ермин Анруши на почетокот од второто полувреме ги постигнаа головите за Велешта, која е најпријатното изненадување во досегашниот тек од сезоната.
Трим Амраби во 41. минута погоди за Кораб кој освои три бода на гости против Вардар Форино. За домаќинот добивка е дека сепак го одихра мечот по финансиската криза.
Дрита и Тетекс одиграа без голови, а Велазерими со 1-0 славеше над Кадино со голот на Албулен Имери во 36. минута.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Прва лига
Арсими со убедлив триумф против Башкими
Евро-фудбал
Пиоли пред отказ во Фиорентина
Евро-фудбал
Аларм во ПСЖ: Дембеле ја обнови повредата













