Продолжуваат втoролигашките возбудувања со денешното 20.коло. Македонија ЃП и Брегалница имаат незгодни гостувања, а Башкими игра на домашен терен против Охрид.
Лидерот Македонија ЃП е пред голем предизвик, со оглед дека има тешко гостување во Македонска Каменица против Саса.
Брегалница исто така гостува. Штипјани ќе играат против Осогово во Кочани, и тоа ќе биде тест за новиот тренер Ристе Наумов надвор од Штип.
Второпласираниот Башкими го пречекува Охрид и сака да освои нови три бода за да ја задржи позицијата. Интересно ќе биде и во Прилеп, каде Победа ќе игра против Беласица.
На останатите средби се среќаваат Вардар Неготино – Кожув, Скопје – Детонит, Вардарски – Борец и Новаци – Арсими.
ДВОЈКИ ВТОРА ЛИГА, 20.КОЛО (денеска, 14 часот)
Каменица Саса – Македонија ЃП
Осогово – Брегалница
Вардар Неготино – Кожув
Скопје – Детонит
Вардарски – Борец
Новаци – Арсими
Победа – Беласица
Башкими – Охрид
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Мбапе неизвесен за дуелот со Реал Сосиедад
Прва лига
Силекс и Башкими одиграа без голови













