
Сабота најчесто е денот за второлигашки фудбалски возбудувања во Македонија, а денеска на програмата е 13. коло.
Лидерот Македонија ЃП на домашен терен ќе игра против Вардар Неготино и е голем фаворит за освојување на трите бода. Но, избраниците на Бобан Грнчаров ќе треба да го потврдат квалитетот и на самиот натпревар.
Во Струмица се игра дербито меѓу старите ривали Беласица и Брегалница. Ќе биде тоа возбудлив дуел, а младиот тим на Беласица ќе се обиде да оствари позитивен резултат против штипјани кои имаат амбиции за враќање во елитата.
Башкими во Куманово ќе игра против тимот на Кожуф, додека Арсими има амбиции за победа против Борец пред својата публика.
ДВОЈКИ ВТОРА ЛИГА, 13.КОЛО (13 часот)
Македонија ЃП – Вардар Неготино
Беласица – Брегалница
Арсими – Борец
Башкими – Кожуф
Новаци – Осогово
Охрид – Детонит
Победа – Скопје
Саса – Вардарски

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Пикси: Ми беше чест да бидам селектор на Србија

Евро-фудбал
Кол Палмер уште шест недели надвор од терените
