Connect with us

Втора лига Исток: Победа го брани врвот, Кит Го домаќин на Беласица

Победа и Слога Виница се во тесна трка за врвот на Истокот. Прилепчани денеска имаат тешко гостување во Каменица и ќе се обидат да го задржат првото место. За тоа ќе им биде потребна победа, со оглед дека второпласираната Слога Виница е фаворит на домашен терен против Локомотива.


Кит Го сака да им се врати на победите, а денеска на домашен терен ја пречекува Беласица. Дефанзивецот

Оливер Христов потенцира дека тимот е максимално мотивиран за позитивен резултат.

„Имаме сега тежок противник по мерка, со вистински испит за нас да се види дали може да го корегираме грешките кои се појавија на претходниот натпревар во Радовиш. Не очекува навистина тежок натпревар, но ќе дадеме се од себе да се вратиме на победите“, вели Оливер Христов.

Кожуф е домаќин на Детонит, а Осогов гостува кај Браство. Натпреварите почнуваат во 13 часот.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови