Кит Го го совлада Тиквеш со 1-4 и го декласира тимот кој важи за еден од главните претенденти за пласман во прволигашка конкуренција. Тоа го искористи Брегалница која со триумфот (1-3) над Осогово во Кочани сега има големи пет бода предност на врвот на табелата.
Владимир Дујовски го најави дебаклот на Тиквеш во 18.минута, а потоа Бошко Ступиќ си постигна автогол. Но, гостите не се откажаа, играа во одличен ритам и остварија убедлив триумф. Дарко Алексовски, Бошко Ступиќ и Јусуф Алпај стрелаа во вториот дел за голема победа за Кит Го.
Брегалница треба да му каже „благодарам“ на Кит Го, но штипјани совесно си ја завршија работата во Кочани славејќи со 1-3 против Осогово. Александар Неданоски го доведе Осогово во водство во 19.минута, но веќе во следниот напад возрати Кристијан Ацковски за израмнување. Потоа Ристе Наумов и Љупче Кудев до крајот на првиот дел обезбедија комфорно водство за Брегалница.
Каменица Саса со 5-0 го совлада Росоман, а дуелите Кожуф – Слога Виница и Плачковица – Победа завршија без голови.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Прва лига
Арсими со убедлив триумф против Башкими
Евро-фудбал
Пиоли пред отказ во Фиорентина
Евро-фудбал
Аларм во ПСЖ: Дембеле ја обнови повредата













