Connect with us

Втора лига Исток: Брегалница и Тиквеш бараат триумфи на гости

Брегалница е голем фаворит на гостувањето против Росоман во 18. коло од Втората лига – Исток. По триумфот над Победа, еден од најдобрите фудбалери на Брегалница, Мартин Стојанов вели дека тимот мора да продолжи во победнички ритам.

„По добрите подготовки и победата во првото пролетно коло во Штип против прилепска Победа, сега не очекува гостување во Росоман, екипа која максимално ја респектираме. Јасно е дека не смее да има опуштање за ниту еден натпревар и пред било кој противник. Мора да продолжиме со тимска игра затоа што тоа е начинот и да се дојде до посакуваните победи преку кои и остварување на целите за влез во Првата лига“, вели Мартин Стојанов.

Тиквеш исто така очекува триумф на гостувањето кај Каменица Саса, Кит Го на домашен терен го пречекува Кожуф. 

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови