Connect with us

ВТОРА ЛИГА ИСТОК: Брегалница го почнува прволигашкиот спринт, Тиквеш сака да ја сопне

Стартуваат и второлигашките возудувања. Истокот е веќе подготвен за финалната трка. Брегалница го чува врвот и сака со пролетен спринт да стигне до целта – пласман во Првата лига. Тиквеш како најсериозен конкурент, сака да ја сопне и прв да мине низ целта. Двата тима на стартот на пролетта играат на домашен терен. 

И покрај предноста од седум бода пред конкурентите стекната низ натпреварите од есенскиот дел, од таборот на Брегалница најавуваат максимално сериозен пристап на секој натпревар во желбата за остварување на своите цели и амбиции. Така ќе биде и денеска на натпреварот против прилепска Победа.

„Не се залажуваме со предноста од седум бода по есенскиот дел. Напротив, пролетниот дел од сезоната ќе го играме како воопшто да немаме предност, максимално мотивирано и сериозно на секој натпревар затоа што многу добро знаеме кој е влогот. Тиквеш е исклучително сериозен конкурент за првото место, и токму поради тоа ние мора да бидеме уште подобри и од есенскиот дел. Среќен сум што гледам дека фудбалерите се свесни за тоа и подготвени да се носат и со целокупниот притисок кој ќе биде врз нив до крајот на сезоната. Против Победа целта е една и единствена – победа и освојување три бода“ – вели тренерот на Брегалница, Марјан Секуловски.

Тиквеш се враќа на Градскиот стадион во Кавадарци и ќе го пречека Рисоман. Тимот на Пане Блажевски најавува сигурен триумф. Слога Виница е домаќин на Кит Го, Осогово ќе ја пречека Каменица Саса, а Кожуф во Гевгелија ќе игра против Плачковица. Натпреварите се закажани за 14 часот.

 

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови