Connect with us

Втора лига Исток: Брегалница го декласира Тиквеш во прославата за влез во Првата лига

Брегалница во голем стил го прослави пласманот во Првата лига декласирајќи го Тиквеш со 5-0 во последниот меч од Втората лига Исток. Штипскиот тим комплетниот шампионат го заокружи без пораз, а на крајот оствари и фантастичен триумф над Тиквеш кој беше и најголемиот ривал на составот на Марјан Секуловски во трката за пласман во елитата.


Ѓорѓи Мојсов во 29.минута заработи црвен картон, па работата на Брегалница беше олеснета. Дарко Додев донесе предност во 45.минута, а на самиот старт на вториот дел погодија и Марио Наумоски и Ристе Наумов. До крајот стрелаше и Јован Манев, а во финишот Кристијан Ризов си постигна автогол.


Слога Виница го совлада Кит Го со 1-0, со голот на Богдан Велиновски во 59.минута.

Плачковица го совлада Осогово со 2-0 со головите на Мартин Петровски и на Дамјан Николовски. Каменица Саса со 3-0 го победи Росоман со двата гола на Илија Донов и погодокот на Филип Николовски. Победа и Кожуф ремизираа 2-2.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови