Connect with us

Втора лига: Фаворитите гостуваат… Вардар во Охрид, Гостивар во Каменица, Воска во Скопје

Вардар не го стартуваше најдобро вториот дел од шампионатот во Втората лига откако одигра 1-1 на домашен терен против Арсими. Сега избраниците на Бобан Грнчаров не смеат даси дозволат нов кикс на гостувањето против Охрид Лихнидос.

Капитенот Дарко Мицевски ги повика фановите да дојдат и да ги поддржат на ова гостување и најави борба за трите бода. Но, и охриѓани најавуваат голема битка и нема лесно да се откажат од бодовите.

Лидерот Гостивар „преживеа“ на Натпреварувачката комисија на ФФМ, но предаден е на Дисциплинска поради случајот со фудбалерот Гордијан Христовски и неговиот настап против Пехчево (1-0), но денеска тимот ќе мора да се фокусира на следното искушение, гостувањето кај Каменица Саса.

Воска Спорт исто така гостува кај Пехчево (Локомотива) во Скопје, а и Пелистер има сериозен предизвик на гостувањето против Беса.

„За нас секој натпревар до крајот на сезоната е финале. Се надевам дека ќе одиграме квалитетно и дека ќе успееме да ги освоиме трите бода“, изјави фудбалерот на Пелистер, Бурхан Мустафов.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови