
Беса го победи Кожуф со 2-0 и му го нанесе првиот пораз на тимот од Гевгелија кој досега имаше максимален ефект по пет кола.
Беса поведе во финишот на првиот дел со голот на Изаир Емини, а во 89.минута триумфот го потврди Фитон Адеми.
Пелистер беше убедлив на домашен терен против Караорман со 4-1, а Тетекс го декласира Детонит Плачковица со 4-0.
Ќелешоски донесе водство за Караорман во Битола, но брзо реагираа Симеон Христов и Благоја Љамчевски, кој реализира пенал, и направија пресврт до крајот на првото полувреме. Во вториот дел, ист рецепт, Христов и Љамчевски од пенал, за конечни 4-1.
Марио Станковски беше двоен стрелец за Тетекс во дуелот со Детонит Плачковица, исто како и Марко Софијаноски.
Охрид на „Билјанини извори“ го доби дуелот со Скопје со 1-0, а Башкими и Каменица Саса одиграа 2-2.
Арсими го победи Вардар Неготино со 1-0. Победа и Новаци ремизираа 1-1.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
