Македонија Ѓорче Петров ремиzзираше без голови против Кожуф (0-0), со што дозволи Башкими да се искачи рамо до рамо со нив на табелата во Втората македонска лига. Кумановци одиграа маестрално во Македонска Каменица и ја „растурија“ Саса со убедливи 0-5. Хусеин Демири и Емир Асани стрелаа во првото полувреме, а во второто следуваше нова офанзива со три нови погодоци. Борјан Пановски зголеми на 0-3, а потоа два гола постигна Филип Алексовски.
Башкими сега има исто толку бодови (53) колку и Македонија ЃП и најавува жестока битка за директна промоција.
Изненадување се случи во Неготино, каде домаќинот Вардар го совлада фаворитот Брегалница со 1-0 со голот на Ѓорѓи Шишков и си ги осигура речиси сите дилеми за опстанок. „Винарите“ ќе имаат мирен финиш на сезоната, додека штипјани ќе мора да се запрашаат што не штимаше во ова коло.
Арсими ја искористи шансата и го совлада тимот на Скопје со 0-2 на гости – три златни бода кои го искачија клубот од Чегране на третото место, позиција која носи бараж за Првата лига. Стрелци на головите беа Албин Рамадани и Албан Таипи.
Детонит Плачковица не дозволи изненадување и со 2-0 го победи Борец, кој продолжува да води тешка битка за опстанок.
Фенерџијата Вардарски пак приреди вистинска сензација – со убедливи 3-0 го совлада ГФК Охрид и покажа дека нема да се предаде без борба.
Натпреварите Осогово – Беласица и Новаци – Победа завршија без голови.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Јувентус шокиран на Сардинија (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Баерн за едно полувреме го растури Лајпциг
Евро-фудбал
Шоу на Дембеле, ПСЖ убедлив против Лил (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Баерн за едно полувреме го растури Лајпциг
Прва лига
Сухел Мухареми го засили Работнички













