Барселона објави преку официјално соопштение дека и вториот домашен натпревар во Лигата на шампионите против Олимпијакос на 21 октомври ќе се игра на „Монжуик“. Информацијата пристигна само неколку часа по поразот што каталонците го претрпеа од Пари Сен Жермен во првиот домашен меч синоќа. Од клубот нагласуваат дека работата за враќање на „Камп Ноу“ продолжува и надежите на раководството се тоа да се реализира за следните натпревари на тимот.
„ФК Барселона објавува дека третиот натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите, во вторник, 21 октомври, од 18:45 часот, против Олимпијакос, ќе се одигра на олимпискиот стадион ‘Луис Компанис’. Клубот продолжува да работи на добивање на потребните дозволи за враќање на ‘Спотифај Камп Ноу’ за наредните натпревари од турнирот. Во таа насока, ФК Барселона работи според препораките дадени од Градскиот совет минатата недела,“ стои во соопштението, во кое дополнително се упатува благодарност до навивачите за разбирањето.
Прашањето околу враќањето на „Камп Ноу“ останува една од најактуелните теми околу клубот, бидејќи отворањето на стадионот веќе е одложено повеќе од два месеца во однос на првичниот план – каталонците да го одиграат дури и традиционалниот меч за трофејот „Жоан Гампер“ во август на своето легендарно игралиште.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













