Втората македонска фудбалска лига исто така влегува во финишот од шампионатот, а денеска (17 часот) на програмата е 28.коло. Борбата за промоција и опстанок влегува во финишната фаза со само три кола до крајот на сезоната.
На дното од табелата ситуацијата веќе е јасна. Екипите на Борец и Вардарски веќе испаднаа, додека Осогово најверојатно ќе игра бараж за опстанок.
На врвот, Македонија Ѓорче Петров со евентуална победа денеска во Неготино против Вардар може практично да го завери својот камбек во Првата македонска фудбалска лига. Арсими, кој заостанува два бода зад „лавовите“, ќе гостува кај веќе испаднатиот Борец, што е одлична можност за нови три бода.
Брегалница веќе ги загуби шансите за враќање во елитата, додека Башкими, кој е третопласиран со 57 бода, ќе има тешка задача на гостувањето кај Кожув.
Првите две екипи директно обезбедуваат промоција во ПМФЛ, а третопласираниот тим оди во бараж со десеттопласираната екипа од елитата.
ДВОЈКИ ВТОРА ЛИГА, 28. КОЛО (денеска, 17 часот)
Вардар Неготино – Македонија ЃП
Кожув – Башкими
Борец – Арсими
Брегалница – Беласица
Осогово – Новаци
Вардарски – Саса
Детонит – Охрид
Скопје – Победа
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Интернационалци
Тихо Костадинов се пресели во Словачко
Евро-фудбал
Мбапе неизвесен за дуелот со Реал Сосиедад
Прва лига
Силекс и Башкими одиграа без голови













