
Работнички и Шкупи денеска (17 часот) на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари ќе го заокружат првото коло од новата сезона во Првата фудбалска лига.
Во пресрет на мечот со „романтичарите“, напаѓачот на Шјупи, Арби Воша, е оптимист.
„Секој старт на сезона е важен. Многу е битно да тргнеме позитивно. Како тим сме максимално подготвени, иако веќе имавме европски предизвици. Подготвени сме да дадеме максимум на сите натпревари. Имавме доволно време да се одмориме и да се подготвиме за денешниот меч со Работнички. Веруваме во победа и сакаме да си заминеме со трите бода“, изјави Воша.
Мечот меѓу Работнички и Шкупи е закажан за 17 часот на стадионот „Борис Трајковски“, а главен судија ќе биде Александар Ставрев од Скопје.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лукас Васкез потпишува за Баер Леверкузен
