Connect with us

Во знак на благодарност за промашувањето, Вернер стана Македонец

Македонија ја совлада Германија со изненадувачки резултат од 2-1, но за победата мора да му се заблагодариме на германскиот напаѓач, Тимо Вернер.

Во текот на играта, кога резултатот беше израмнет, Вернер доби одлична и прецизна топка од страна на Гнабри, но наместо да шутира во рамките на голот, тој целосно ја промаши топката. Неколку минути подоцна, Македонија го постигна победничкиот погодок, дело на Ељиф Елмас.

Еуфоријата по историската победа врз четирикратниот светски шампион не запира, а ни шегите на сметка на фудбалерот на Челси. Така, во знак на благодарност, нашите медиумите го “наградија” Вернер со македонска лична карта.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови