Во седиштето на УЕФА денеска беа извлечени противниците за лигашката фаза од квалификациите за Светското првенство во женска конкуренција, кое ќе се одржи во Бразил во 2027 година.
Македонија квалификациите ќе ги започне од Лига Ц, во која има вкупно шест групи. Натпреварите од оваа фаза ќе се играат во март, април и јуни 2026 година.
Победниците од шесте групи во Лига Ц, како и двете најдобро рангирани второпласирани репрезентација, ќе имаат можност да обезбедат пласман на Светското првенство преку бараж натпревари со второпласираните и третопласираните селекции од Лига А. Овие баражи ќе се играат во октомври и ноември 2026 година, по што ќе следат интерконтиненталните баражи во февруари 2027 година.
Македонската женска фудбалска репрезентација ќе го бара своето место во баражите преку групата Ц3, каде противници ќе ни бидат Унгарија, Азербејџан и Андора.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа
Евро-фудбал
Фулам размислува за смена на Марко Силва
Евро-фудбал
ПСЖ сака да го купи Упамекано од Баерн
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ
Млади репрезентации
Македонија У21 во Охрид ќе се подготвува за дуелите со Шведска и со Полска
Евро-фудбал
Атлетико Мадрид има нови сопственици
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ













