Струга Трим Лум речиси рутински повторно ја совлада Македонија Ѓорче Петров (0-2), овојпат во рамките на 12. коло од Првата македонска фудбалска лига. Избраниците на Бледи Шкемби и по куп-триумфот повторно го надиграа составот на Бобан Грнчаров и заслужено си заминаа со три бода од Скопје.

Стружани беа подобри од самиот почеток, имаа повеќе од играта и создаваа шанси, додека „лавовите“ се обидуваа преку контри. Првата поголема закана ја имаше Флориан Рочи, а истиот играч во 32. минута успеа да го отвори резултатот по асистенција од Фал. Во вториот дел, Басиру Компаоре во 62. минута реализираше пенал за конечни 0-2 и нова победа за актуелниот шампион.
Со овие три бода, Струга Трим Лум барем до утре е лидер на табелата со 29 бода, два повеќе од Вардар. Македонија ЃП останува осмопласирана со 14 бода.
Во вториот денешен натпревар, Тиквеш славеше како гостин против Работнички со 0-2 на тренинг-центарот „Петар Милошевски“. Иако домаќинот имаше повеќе од играта во првото полувреме, кавадарчани беа поефикасни во продолжението.
Во 68. минута Миловановиќ донесе водство за Тиквеш по одлична акција со Ивановски, а во 81. минута Кристијан Стојкоски со вистински проектил од 25 метри ја потврди победата. Работнички во финишот не искористи пенал преку Асани, кој шутираше високо над голот.
Со оваа победа, Тиквеш стигна до 12 бода, додека Работнички ја продолжува резултатската криза. Во следното коло, дебармаалци ќе гостуваат кај Башкими, а Тиквеш ќе игра против Вардар на арената „Тодор Проески“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Арачиново е хит на досегашниот тек од првенството, а нанижа уште една победа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Диего Контрерас (Арсими)
Шкендија имаше идеален старт на сезоната, но се чини дека и лидерот влезе во...
Автор makfudbal
Интернационалци
Јетон Беќири официјално го презеде кормилото на Габала
Интернационалци
Јетон Беќири заминува на печалба во Азербејџан?
Евро-фудбал
Бетис на гости го победи Вилјареал (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Роналдо и Ал-Наср посрамени во Абу Даби (ВИДЕО)













