Connect with us

Во ПСЖ ќе бидат многу бесни: Меси ќе игра за Аргентина против Уругвај и против Бразил

Аргентинската ѕвезда Лионел Меси се чувствува подобро и одлучил да игра за својата национална селекција во квалификациите за СП против Уругвај и против Бразил. Во ПСЖ сигурно ќе бидат многу бесни на оваа одлука на Меси со оглед дека тој ги пропушти последните два натпревари за „светците“, а беше и на специјални третмани во клиника во Мадрид.

Со настапот за репрезентацијата на Аргентина, Меси ризикува обновување на повредата на коленото. Тој се мачи и со хронични болки во мускулите, а во ПСЖ истакнаа дека тоа е резултат на долгите патувања во Јужна Америка кога игра за националниот тим.

Меѓутоа, Меси навреме се заштити, во договорот со ПСЖ стави клаузула според која неговите настапи во репрезентацијата на Аргентина секогаш имаат приоритет.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови