Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, даде интересна изјава за својата иднина, откако вчера со „граѓаните“ ја обезбеди четврта последовна титула во Премиер – лигата.
Шпанецот призна дека ќе остане во клубот и следната сезона бидејќи сѐ уште е под договор со „небесносините“. Сепак, тој додаде дека е сѐ поблиску до заминување од „Итихад“.
„Следната година ќе ми биде деветта година овде. Во моментов чувствувам дека сакам да останам и следната сезона. Ќе разговараме со клубот. Имаме време да разговараме. Ќе разговарам и со играчите доколку сѐ уште се со мене. Останувам следната сезона, ќе разговараме“, изјави Шпанецот.
„Кога ја освоивме Лигата на шампионите, си реков: сѐ е готово, што правам овде, нема зошто да победуваме. Но, јас имам договор. Тука сум и уживам во моментите, иако понекогаш сум многу уморен“, додаде Гвардиола.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Вардар ремизираа, а Шкендија го победи Пелистер и се доближи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Шкендија заврши со европските обврски и сега целосно е посветена на македонскиот шампионат, а...
Автор makfudbal













