
Фудбалерите на Перу се во очекување на клучниот дуел за пласман на Светското првенство во Катар. Тие во понеделник ќе играат против Австралија во интерконтиненталниот бараж, а победникот патува на мундијалот.
Денот на натпреварот ќе биде неработен во Перу и е прогласен за национален празник, одлучи локалниот совет на министри.
„Министерскиот совет одлучи цел ден да биде празник за народот да ја гледа репрезентацијата како оди на Светското првенство во Катар. Ова ќе ги мотивира луѓето да се организираат, тие можат да излезат на улица за да се обединат во овој голем момент. Сметаме дека ова е настан на единство национален идентитет и од кој корист може да има и приватниот сектор“, изјави перуанскиот министер за култура Алехандро Лалас.
Австралија и Перу бараж – натпреварот ќе го одиграат на неутрален терен во Катар.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal