Connect with us

Во изборот за „Златната топка“: Европа гласала за Левандовски, остатокот од светот бил за Меси

Лионел Меси во понеделникот во Париз ја освои седмата „Златна топка“ во кариерата, а тоа предизвика многу полемики. Многумина сметаат дека Роберт Левандовски повеќе ја заслужи оваа награда. Сега доаѓаат и интересни информации од „Франс Фудбал“. Всушност, Европа го избра Левандовски, а остатокот од светот ја направил разликата во гласовите.


Меси освои 613 поени и славеше пред напаѓачот на Баерн, Роберт Левандовски со 580 поени, додека на третото место заврши играчот од средниот ред на Челси, Жоргињо, со само 460 поени.

За многумина е неправедно што Меси ја освои наградата пред Левандовски, но Аргентинецот имаше повеќе гласови во остатокот од светот, додека Европа едногласно одлучи – Левандовски е најдобар.

Имено, европските новинари му дадоа 198 поени на Леви и 151 поен на Меси, но новинарите од остатокот од светот на Меси му дадоа 462 поени, а на Левандовски „само“ 382 поени.

Според неофицијални информации, „Франс Фудбал“ би можел да му ја додели наградата за 2020 година на Левандовски. Сепак, главниот уредник на францускиот весник рече дека се уште има време да се донесат такви одлуки. Ваквиот потег го споменаа многу прославени фудбалери како Гери Линекер, Лотар Матеус и Патрис Евра. Самиот Меси зборуваше за ова на церемонијата.

„Роберт, мислам дека ја заслужуваш „Златната топка“ за 2020 година и „Франс Фудбал“ треба да ти ја додели. Сите знаеме дека го заслужи тоа, а не можеше да ја добиеш награда поради пандемијата на коронавирус. Според мене, ти треба да го има овој трофеј во својот дом“, изјави Аргентинецот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови