На првиот денешен натпревар од 18. коло на италијанската Серија А немаше победник откако Фиорентина и Сасуоло ремизираа (2-2) на „Артемио Франки“.
Гостите во првото полувреме имаа два гола предност. Иако Фиорентина имаше поголем посед на топка и создаде повеќе шанси, Сасуоло со головите на Скамака во 32. минута и на Фратеси пет минути подоцна, поведе со 0-2.
Влаховиќ во 51. минута ја врати „виола“ во игра. За српскиот напаѓач ова беше 33. гол во Серија А оваа година, со што се израмни со Кристијано Роналдо и Омар Сивори, додека само Гунар Норда (36) и Феличе Борел (41) постигнале повеќе голови во Серија А во една календарска година.
Десет минути подоцна Лукас Тореира го донесе израмнувањето, но Фиорентина остана со играч помалку во 68. минута кога Кристијано Бираги доби втор жолт картон, па до крајот не успеа да направи комплетен пресврт.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Зидан ја презема Франција по СП 2026
Евро-фудбал
Артета во проблем, Габриел ќе паузира два месеци
Евро-фудбал
Ливерпул и Египет во „клинч“ за Мохамед Салах
Евро-фудбал
Рафиња се врати на тренинзите на Барселона













