Connect with us

Влаховиќ подготвен за шокантен трансфер – од Јувентус во Милан!

Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ е подготвен да направи трансфер што може да ја раздрма фудбалска Италија – директно од редовите на Јувентус во најголемиот ривал, Милан. Според информации од италијанските медиуми, 25-годишниот голгетер дал зелено светло за преселба на „Сан Сиро“, каде што повторно би соработувал со тренерот Масимилијано Алегри.

Алегри, кој ова лето се врати на кормилото на „росонерите“, сака повторно да го има Влаховиќ како водечка фигура во нападот. Иако во почетокот трансферот изгледаше како невозможна мисија, расположението на српскиот ас ја менува сликата – тој веќе е отворен за нов предизвик под водство на својот поранешен стратег.

Јувентус не го вклучува Влаховиќ во долгорочните планови и сака да се ослободи од неговата тешка плата од 12 милиони евра годишно. Клубот од Торино е подготвен да го продаде за околу 30 милиони евра – сума која Милан може да си ја дозволи, но камен на сопнување засега се личните финансиски барања на играчот. Преговорите се насочени кон компромис – можеби дури и намалување на платата.

Интересно е што Влаховиќ покажал дека не е мотивиран само од парите – тој веќе ги одбил богатите понуди од Саудиска Арабија, каде му нудеа договори вредни повеќе од 20 милиони евра по сезона. И Фенербахче остана со празни раце, иако подготви сериозна понуда.

Србинот јасно стави до знаење – сака да остане во Европа и да се бори на највисоко ниво. А доколку трансферот во Милан се реализира, Серија А ќе добие нова драма во вечната приказна на „пријателства“ и предавства.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови