
Иалијанскиот агент Џовани Бранчини тврди дека Душан Влаховиќ не го одбил новиот договор со Фиорентина поради пари. Српскиот репрезентативец е под договор до јуни 2023 година, но го одби најновиот предлог за продолжување на “виолетовите”.
Тоа сугерира дека неговата продажба следното лето е неизбежна, иако не треба да се исклучи ниту можно заминување во јануари. За услугите на 21-годишниот играч се интересираат Јувентус, Интер, Тотенхем, Атлетико Мадрид и Манчестер Сити, иако во Србија и Италија повеќето новинари се уверени дека “бјанконерите” се фаворити.
“Има многу причини што зошто еден играч сака промена на средината, без оглед на економската ситуација. Можеби тие имаат само амбиција да изберат каде ќе играат. Ако Влаховиќ одлучи да не потпише нов договор, тој инвестира во себе, откажувајќи се од парите што би можел да ги заработи само веднаш по продолжувањето на договорот,” изјави агентот и почесен претседател на Синдикатот на италијанските агенти, Бранчини за весникот “Кориере дела сера“.
Влаховиќ, кој би можел да си замине од стадионот “Артемио Франки” за сума од 75 милиони евра, оваа сезона постигна шест гола на осум натпревари за Фиорентина во рамките на Серија А и Купот на Италија, проследено со една асистенција.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски и Клуж поразени во Суперкупот на Романија

Евро-фудбал
Дембеле прослави гол во стилот на Жота (Фото)

Евро-фудбал
Нони Мадуеке пред трансфер во Арсенал

Евро-фудбал
Барселона тргнува по Рафаел Леао

Евро-фудбал
Барселона тргнува по Рафаел Леао

Интернационалци
Марио Илиевски се пресели во Косово – потпиша за Приштина
