Работнички оствари триумф (0-1) на гости против Борец во Велес и освои три значајни бода во вистински момент. Тренерот Александар Влахо е задоволен од залагањето на фудбалерите и изданието на тимот, потенцирајќи дека Работнички покажал карактер за да стигне до победа.
„Беше тежок и неизвесен натпревар, уште поисцрпувачки за нас затоа што игравме на терен со вештачка трева. Честитките одат на адреса на моите играчи. Фудбалерите на Борец играат многу подобро пред своите гледачи, создадоа неколку шанси за погодок, но драго ми е што мојот тим покажа карактер и успеавме да стигнеме до победа. Замените донесоа свежина за триумф, но го оставаме претходниот натпревар зад нас и сега се фокусираме на следното искушение, дуелот против Академија Пандев. Се надевам дека влеговме во потребниот ритам и дека ќе прикажеме добра игра и на овој натпревар“, вели Александар Влахо.
Работнички ќе го пречека тимот на Академија Пандев в сабота, со почеток во 13 часот, на Националната арена во Скопје.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Прва лига
Арсими со убедлив триумф против Башкими













