
Работнички го загуби дербито на Чаир против Шкупи со 2-0 во деветтото коло од Првата фудбалска лига. Репрезентативната пауза ќе ја мине на четвртата позиција на табелата со 15 освоени бода, а тренерот Александар Влахо вели дека периодот ќе биде искористен за да се подобрат некои елементи во играта по анализата на последниот настап.
„Не може да има задоволство кога ќе се загуби натпревар. Јасно е дека не сте одиграле според планот. Во овој случај, тимот на Работнички не даде 150% од можностите за да може да му парира на Шкупи на Чаир. Сакам да им честитам на фудбалерите на Шкупи и тренерот Гоце Седлоски, мојот добар пријател, за победата. Ние моравме тимски да покажеме многу повеќе за да останеме непоразени. Сепак, Шкупи во моментов е можеби најквалитетниот тим во лигата, имаат широк ростер, квалитетни поединци, голем број странци. Но, и покрај поразот, Работнички создаде неколку шанси, доколку успеевме да ги реализираме шансите на Ристевски, Илиевски, Дарбо, Ристовски, Стојкоски…, можеби и ќе можевме да извлечеме поволен резултат. Одредени фудбалери не беа на потребното ниво на овој меч и кога е така, тогаш поразот е логична последица. За да се победи Шкупи на Чаир, треба се да функционира беспрекорно и дополнително да имате спортска среќа и максимален ефект на мечот“, изјави шефот на стручниот штаб на „романтичарите“, Александар Влахо, за официјалниот сајт на клубот.
Следат две седмици за анализа и напорна работа пред продолжението на првенството.
„Ќе се обидеме да подобриме некои работи, Работнички е млад тим и секогаш има простор за напредок. Ќе работиме напорно и ќе се трудиме да ги оствариме клупските цели“, истакнува Влахо.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Галатасарај сака да го доведе и Тер Штеген

Интернационалци
Енис Барди е новата „десетка“ на Коњаспор (ФОТО+ВИДЕО)

Евро-фудбал
Стефано Пиоли е нов тренер на Фиорентина

Евро-фудбал
Њукасл го купи Еланга за 60 милиони евра

Евро-фудбал
Фудбалер на Атлетик Билбао падна на допинг-тест

Евро-фудбал
Арсенал тргнува по Еберечи Езе
