
Подготовките завршија, сега тренерот Александар Влахо и фудбалерите на Работнички треба да покажат како се подготвиле. Почнува новата сезона 2021/22 во Првата фудбалска лига, а Работнички утре (17.30 часот) на арената „Тодор Проески“ го пречекува Борец во дуелот од првото коло. Со значително реновиран тим, „романтичарите“ ќе се обидат да ги остварат клупските цели, а тие секогаш се високи, со надеж за излез на европска сцена.
За старт, на гости доаѓа Борец, а шефот на стручниот штаб Александар Влахо, со верба во работата и квалитетите на тимот, но и должна почит и респект за противникот, го најавува првото пролетно коло. И вели, дека првиот чекор е секогаш тежок.
„Првиот натпревар е секогаш тежок, како вовед во сезоната. Тимот е подготвен, се надевам дека ќе прикажеме допадлив фудбал и ќе се обидеме да стигнеме до успех на стартот. Но, тоа секако нема да биде лесно. Борец е квалитетен тим, предводен од Борче Христов кого многу го ценам како стратег, секогаш умее да го извлече максимумот од составот со кој располага. Што се однесува до Работнички, и ние значително го менувавме, доведовме неколку нови фудбалери во летниот преоден рок и очекувам дека добро ќе се вклопат во тимот. Можеби ќе биде потребно уште малку време за да се воиграме, но почнува борбата за бодови и ние сме максимално фокусирани да ја оствариме нашата цел“, изјави шефот на стручниот штаб, Александар Влахо, за официјалниот сајт на клубот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Мурињо се враќа во Португалија?

Евро-фудбал
Џејдон Санчо во Јуве, тоа е веќе завршена работа

Евро-фудбал
Милан му нуди нов договор на Рафаел Леао

Евро-фудбал
Рашфорд доаѓа на позајмица во Барселона

Евро-фудбал
Лукас Васкез доаѓа во Јувентус?

Евро-фудбал
Ал-Хилал тргнува по потписот на Александер Исак

Македонија Ѓорче Петров
Македонија ЃП ја засили одбраната со Србинот Алекса Јовановиќ
