
Работнички ремизираше (1-1) против Ренова во Тетово и првите пет кола од шампионатот ги заокружи со осум освоени бода. Тренерот Александар Влахо е задоволен од прикажаната игра на последниот меч.
„Морам да изразам задоволство, одигравме квалитетно против Ренова, која одлична ја почна сезоната. Знаевме дека ќе биде тежок натпревар против ривал кој сака да се надигрува, предводен од искусен стратег кого многу го почитувам. Дозволивме да примиме гол по една наша грешка, но потоа одлично реагиравме, возвративме со голот од пенал на Марио Станковски кој го одигра најдобриот меч од почетокот на сезоната. Што се однесува до првите пет кола во целина, мислам дека Работнички можеше да има уште бод или два повеќе. Искрено, според тоа што го одигравме, мислам дека не заслуживме пораз против Академија Пандев во Струмица. Но, сега треба добро да ја искористиме паузата и да се подготвиме за новите искушенија“, изјави шефот на стручниот штаб, Александар Влахо, за официјалниот сајт на клубот.
Работнички в сабота ќе одигра пријателски натпревар против второлигашот Кадино.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Расмус Хојлунд пред трансфер во Милан

Евро-фудбал
Падна договор, Мбеумо доаѓа на „Олд Трафорд“
