Connect with us

Вилјареал се договори со Тотенхем за Ло Селсо

Шпанскиот прволигаш Вилјареал постигна договор со Тотенхем за играчот од средниот ред Џовани Ло Селсо. Полуфиналистот од Лигата на шампионите од минатата сезона ќе го земе Аргентинецот на позајмица со опција за откуп.


Ло Селсо денеска ќе лета за Шпанија за да ги помине медицинските прегледи.

Играчот од средниот ред, кој во вториот дел од минатата сезона играше како позајмен во Вилјареал, беше поврзуван и со Фиорентина и Лацио.

26-годишниот Аргентинец не успеа да го убеди Антонио Конте во неговите квалитети и набргу по доаѓањето на Италијанецот замина да игра во Шпанија.

Ло Селсо е еден од играчите со кои Тотенхем е подготвен да се раздели. Тој заедно со Тангуј Ндомбеле, Хари Винкс и Серхио Регилон не тренираат со првиот тим последните денови и лондончани чекаат понуди за нив.

Интерес за Ндомбеле има и од Наполи и преговорите се веќе започнати.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови