Тимот на Вилјареал го приреди едно од најголемите изненадувања во последното коло од шпанската Ла Лига, совладувајќи ја Барселона со 2-3 на стадионот „Монжуик“. Со оваа победа, „жолтата подморница“ го обезбеди петтото место на табелата и пласман во Лигата на шампионите следната сезона.
Гостите поведоа преку Перез, но Барселона за кратко време направи пресврт со головите на Јамал и Лопез. Сепак, Вилјареал не се предаде – Комесана израмни, а Бјукенен го постигна победничкиот гол во вториот дел.
И покрај поразот на гостувањето кај Атлетико Мадрид со 4-1, Бетис остана на позиција која води во Лигата на Европа. Алварез и Ле Норман донесоа предност за „јорганџиите“, Форналс го намали резултатот, но потоа Алварез со втор гол и Кореа ја заверија победата на домаќините.
Реал Мадрид славеше против Севилја со 0-2. Противникот го заврши мечот со девет играчи по исклучувањата на Лоик Баде и Исак Ромеро, а „кралевите“ до трите бода стигнаа преку головите на Килијан Мбапе и Џуд Белингам во завршницата.
Во битката за последното европско место, Рајо Валјекано забележа важна победа кај Селта со 1-2, а Осасуна го совлада Еспањол со 1-0. Мајорка со поразот од Хетафе (1-2) ги загуби шансите за Европа.
Во долниот дел од табелата, Леганес го победи Лас Палмас со 0-1 и се одржа во игра за опстанок. Лас Палмас, пак, е на работ да се врати во Сегунда. Еспањол, и покрај поразот од Осасуна, има предност од два бода над опасната зона и ќе игра решавачки натпревар токму против Лас Палмас во последното коло.
Во останатите натпревари, Реал Сосиедад го совлада Џирона со 3-2, Атлетик Билбао славеше на „Месталја“ против Валенсија со 0-1, а Алавес беше подобар од Ваљадолид со истиот резултат.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Хуго Дуро со „ножички“ го исече Леванте (ВИДЕО)
Интернационалци
Несторовски двоен стрелец за Славен Белупо













