Вилјареал потпиша седумгодишен договор со дефанзивецот на Челси, Ренато Веига, објави шпанскиот клуб. Според информациите, трансферната сума изнесува 24 милиони евра плус дополнителни бонуси, со што Веига стана едно од најскапите засилувања во историјата на клубот.
22-годишниот централен дефанзивец минатото лето се приклучи на Челси од Базел, но запиша само еден натпревар како стартер во Премиер – лигата, пред да биде позајмен на Јувентус за втората половина од сезоната. Во Италија се избори за место во првиот тим на Јувентус и помогна на Португалија да ја освои Лигата на нации во јуни.
Веига во новиот клуб ќе го носи дресот со број „12“.
Вилјареал оваа сезона ќе настапи во Лигата на шампионите, откако минатата сезона ја заврши Ла Лига на петтото место.
𝗔𝗟𝗟 𝗜𝗡. pic.twitter.com/Jri3SibqNQ
— Villarreal CF (@VillarrealCF) August 22, 2025
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













