
Шпанскиот тим Вилјареал е последната екипа која се пласира во осминафиналето на Лигата на шампионите. „Жолтата подморница“ славеше вечерва во Бергамо против Аталанта со 2-3 и го освои второто место во групата Ф зад Манчестер Јунајтед.
Аталанта го имаше притисокот да победи и очигледно дека тоа имаше негативно влијание на фудбалерите на Џанпјеро Гасперини.
Вилјареал поведе во третата минута откако Данџума во противнапад излезе сам пред голманот Мусо и го совлада. Италијанскиот тим можеше да возврати преку Запата и Иличиќ, но не успеа, па Капуе во 42.минута го казни домаќинот и со втор гол.
На почетокот на вториот дел Данџума зголеми на 0-3, а Аталанта дури тогаш се разбуди. Тргна со сите сили во напад, но успеа само да го ублажи поразот. Малиновски во 71.минута и Запата во 80.минута беа стрелци на головите за Аталанта, која сепак продолжува во Лигата на Европа.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Аморим: Примивме голови што можеа да се избегнат

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
