Само два погодоци, и тоа од пенал, можеа да видат љубителите на фудбалот во првото полувреме на пет натпревари од 22. коло во Првата македонска фудбалска лига.
Повеќе од скромна реализација, заокружена само со голови од белата точка во Скопје. Најпрво во 30. минута, Шкупи поведе на Чаир во дербито против Шкендија со 1-0 со голот на Муарем Бајрами, откако во гостинскиот шеснаесетник беше соборен Бразилецот Сержињо…
А, во 45. минута од средбата Академија Пандев поведе со 0-1 на гостувањето против Работнички на „Филип Втори“. Милован Петровиќ играше со рака во домашниот шеснаесетник, а сигурел реализатор од белата точка беше капитенот на „пандевци“, Љупче Дориев…
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski